Корона-забава во Берово: Кривични за 15 лица

од Nikola Popovski
554 прегледи

Беровската полиција соопшти дека петнаесет лица од Пехчево и Берово заработиле кривична пријава заради непочитување на здравствените прописи за време на епидемија.

„Пријавените, на 17.01.2021 околу 18.25 часот во просториите на правен субјект во Берово организирале и зеле учество на прослава во затворен простор со што за време на епидемија не се придржувале според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување, информираат од беровската полиција. Кривични пријави се поднесени против Д.Ј.(23), Г.Ш.(23), А.Т.(29), А.М.(25), Г.П.(35), сите од Пехчево, И.Б.(21), А.П.(28), В.К.(28), М.Д.(23), Д.Р.(31), Ѓ.А.(26), Б.Б.(38), К.М.(22), М.Б.(28) и Н.Р.(25), сите од Берово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од полицијата.

Слични содржини