21 лице ја загуби битката со коронавирусот во последните 24 часа, покажа статистиката на Министерството за здравство.
Седуммина од починатите биле од Скопје (65г, 79г, 82г, 83г, 84г, 85г и 90г), по 3 починати лица од Кавадарци (64г, 72г и 87г), и Струмица (54г, 62г и 75г), 2 починати лица од Прилеп (72г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (87г), Битола (78г), Тетово (73г), Кичево (80г), Струга (66г) и Неготино (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.