Короната коси во Хрватска: Скоро 4.000 позитивни случаи, починаа 68 лица

од Берта Китинска
184 прегледи

Во Хрватска, во последните 24 часа се регистрирани 3.955 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 68 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во моментов е 24.190, а меѓу нив има и 2.427 пациенти на болничко лекување, од кои 262 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, 143.370 лица биле заразени со коронавирус, од кои 2.032 починале. Вкупно се опоравиле 117.148 луѓе, од кои 3.639 во последните 24 часа.

Во моментов има 59.417 лица во самоизолација.

Слични содржини