Иако се тврди дека младите луѓе се помалку подложни на инфекција со коронавирус, одредени фактори го зголемуваат ризикот од инфекција кај сите возрасни групи.
Новата студија на научниците од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско (UCSF) покажува дека секое трето лице на возраст од 18-25 години е изложено на зголемен ризик од тежок Ковид-19.
Луѓето со најмалку еден фактор на ризик, вклучувајќи пушење и хронични заболувања, како што се срцева слабост, дијабетес, астма, дебелина, автоимуни заболувања и заболувања на црниот дроб, се смета дека се изложени на најголем ризик од инфекција.
Сепак, научниците утврдиле дека пушењето е доминантен фактор на ризик кај луѓето во доцната тинејџерска возраст и дваесеттите години. Од околу 8.400 млади луѓе вклучени во студијата, околу 25% рекле дека пушеле тутун, електронски цигари или цигари во изминатиот месец.
Од друга страна, само 16 проценти од нив пријавиле дека страдаат од хронични заболувања, при што астмата е најчеста меѓу нив: околу девет проценти од младите возрасни лица изјавиле дека страдаат од оваа болест. Дванаесет проценти од учесниците во студијата изјавиле дека пушат тутун, а околу седум проценти консумирале електронски цигари во изминатиот месец.
Ризикот од коронавирус е преполовен доколку се исклучени пушачи, вклучително и оние кои пушат електронски цигари, посочуваат научниците. Само секоја шеста млада личност која не пушела била изложена на ризик од ковид-19, покажува студијата.
Истражувањето на UCSF покажува дека ризикот од тешка форма на инфекција со вирусот на корона поради пушење тутун или е-цигара е најголем кај младите бели мажи со пониски приходи, кои не се осигурани барем дел од годината, пренесува Бизнис Инсајдер.
Околу 16% од младите возрасни во студијата кои пушат биле мажи, во споредба со само девет проценти од жените. Од друга страна, кај овие жени имало повеќе случаи на астма и автоимуни заболувања како што се лупус и ревматоиден артритис, што ги изедначувало со мажи подложни на ковид-19, иако не пушат: 30 проценти од девојчињата изложени на ризик од ковид-19 наспроти 33 проценти мажи.
Бидејќи вирусот на корона прво ги напаѓа респираторните органи, пациентите кои веќе страдаат од оштетување на белите дробови и воспаленија поради пушење, можат да развијат тешка форма на ковид-19. Покрај тоа, пушачите имаат поизразени ACE-2 рецептори на дишните патишта, на кои вирусот се врзува за да го нападнат телото. Очигледно, луѓето со повеќе ACE-2 рецептори се исто така изложени на поголем ризик од тежок Ковид-19.