Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, Тетово, Струмица и Радовиш – по 3, Кочани, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 1.
Во текот на вчерашниот ден имше 163 новозаразени што е благ пораст на бројките.
Од вкупниот број на позитивни (193), регистрирани се 49 реинфекции.
Регистрирани сe 97 оздравени пациенти од: Скопје – 62, Битола – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Охрид – по 4, Кавадарци и Неготино – по 3, Велес и Штип – по 2, Гостивар, Прилеп, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (85г) и Берово (76г), починати на ден 13.06.2022 и 20.06.2022, едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.082.690 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.211, бројот на оздравени пациенти е 303.989, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 895.