Короната не стивнува: Во Русија скок на новозаразените за 34%

од Nikola Popovski
280 прегледи

Во последните пет дена во Русија, бројот на нови случаи на вирус корона скокна за 34,4 проценти, предупреди во петокот вицепремиерката Татјана Голкова.

„Зголемувањето на новите случаи на коронавирус во последните пет дена од оваа недела е поголемо за 34,4 проценти во споредба со минатата недела, а во Москва индикаторите се уште поголеми – дури 54,4 проценти“, рече Голкова.

Таа додаде дека епидемиолошката состојба е најтешка во Москва и московскиот регион, пренесува ТАС С.

Повеќе од 17.000 нови случаи се регистрирани во Русија во последните 24 часа, од кои над 9.000 се во Москва.

Слични содржини