Во светот, 1.313.471 лице починало поради вирусот, додека 54 милиони и 1.750 лица биле заразени, посочува денешниот биланс собран до 11:00 часот (Гринич), пренесува агенцијата Франс прес. Од вкупниот број на заразени, најмалку 34.599.700 луѓе се сметаат за излекувани.
Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.
Соединетите Американски држави, каде што е регистриран првиот смртен случај на почетокот на февруари, се најмногу погодени од вирусот. Во таа земја починаа 245.614 лица, заразени се 10.905.598 лица и излекувани 4.148.444 лица.
После САД, земјите со најголем број на смртни случаи се Бразил (165.658 смртни случаи и 5.848.959 заразени), Индија (129.635 смртни случаи и 8.814.579 заразени), Мексико (98.259 смртни случаи и 1.003.253 заразени лица) и Велика Британија (51.766 смртни случаи и 1.344.356 заразени).
Кина, без територијата на Хонг Конг и Макао, каде започна епидемијата во декември 2019 година, официјално има 86.338 заразени и 4.634 мртви. Излечени се 81.319 лица.
Латинска Америка и Карибите имаат 423.176 смртни случаи и 12.023.640 заразени, Европа 334.968 смртни случаи и 14.432.068 заразени, САД и Канада 256.487 смртни случаи и 11.195.957 инфицирани, Азија 181.799 смртни случаи и 11.440.026 заразени, Средниот исток 68.991 смртни случаи и 2.913.735 заразени, Африка 47.109 мртви и 1.966.317 заразени и Океанија 941 мртви и 30.008 заразени.
Франс Прес прави дневен биланс заснован на државните податоци од земјите ширум светот и информациите од Светската здравствена организација.