Министерството за здравство попладнево објави дека од 2043 тестови, регистрирани се нови 770 случаи на КОВИД-19. Од нив 207 се реинфекции.
Билансот по градови изнесува: Скопје – 364, Битола – 47, Охрид – 46, Куманово и Кавадарци – по 38, Тетово – 30, Прилеп и Велес – 26, Неготино – 17, Струмица – 16, Штип – 15, Кочани и Струга – по 14, Ресен – 13, Гостивар – 12, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 7, Радовиш и Кратово – по 5, Дебар и Крушево – по 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). Лицата се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Радовиш (73г) и Крива Паланка (66г). Едно лице е починато во болнички, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 20.06.2022 -28.06.2022г.
Досега во земјата се направени вкупно 2.100.604 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи изнесува 3.121.