182
Северна Кореја денеска објави дека открила четири нови случаи на треска, за кои постои сомневање дека се предизвикани од инфекции со коронавирус, во пограничниот регион со Кина, две недели откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун прогласи победа над ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Здравствените работници вршат генетски анализи на примероци земени од четири лица во провинцијата Рајанганг кои имале симптоми на треска за да потврдат дали се предизвикани од коронавирусот, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.
Според наводите, властите веднаш ја затвориле областа каде што се појавиле случаите на треска и планираат да задржат строги ограничувања и карантин додека здравствените власти не ја утврдат причината за болеста.