Коронавирусот се прошири во 116 држави. Заразени се повеќе од 130.000 лица. Досега се опоравиле повеќе од 69.000, а починале повеќе од 5.000. Светската здравствена организација (СЗО) официјално прогласи глобална пандемија на коронавирусот. Затоа експертите одговорија на најчесто поставуваните прашања, објави Би-би-си.

Микробиологот Рон Кетлер спроведе истражување за тоа колку и што од средствата за дезинфекција треба да се користи.
Истражувањето покажа дека не е толку важно што користите, туку начинот на кој го користите.
Иако антибактериските гелови и пени имаат посебни хемикалии и помагаат во убивањето на бактериите, начинот на кој ги миете рацете, триењето на дланка од дланка е најдобриот начин да се ослободите од нив.
Најобичниот тврд сапун и вода можат да бидат поефикасни од скапите производи, сè додека правилно ги миете рацете.
Гел за дезинфекција
Се препорачува покрај темелното миење на раце со сапун и вода, да користите и гел за дезинфекција за да го спречите ширењето на вирусот.
Геловите на база на алкохол обично содржат емолиенти, средства за омекнување кои содржат минимум 60 до 70 отсто алкохол.
Една капка е доволна
Докторите и фармацевтите наведуваат дека една капка е доволна за дезинфекција на рацете.
Што претставува самоизолација?
Тоа значи да останете дома 14 дена и да не одите на работа, училиште или други јавни места, како и да избегнувате јавен превоз и такси.
Исто така, треба да ги намалите контактите со вашите домашни.
Треба да се држите подалеку од домашните миленици – или ако тоа не е можно, да ги миете рацете пред и по допир со миленичето.
Може ли паничното купување да ги испразни полиците во супермаркетите?
Не би требало.
Клучната порака од надлежните е дека нема да дојде до недостаток на храна и луѓето не мораат да складираат резерви – треба да го купат она што им е потребно.
Може да се заразите ако јадете храна подготвена од некој кој го има вирусот?
Можно е. Некој кој е заразен може да го пренесе вирусот ако ја подготвува храната нехигиенски.
Дали треба да го дезинфицирате телефонот?
Експертите сметаат дека вирусот може да опстане повеќе дена на некоја површина.
Затоа е важно често и внимателно да го чистите телефонот – и фиксниот и мобилниот.
Современите телефони обично се отпорни на вода, така што можете да го исчистите вашиот телефон со обичен сапун и вода и хартиена крпа. Проверете дали телефонот е водоотпорен пред да почнете.
Колку е опасен вирусот за децата?
Според податоците од Кина, се чини дека коронавирусот не е премногу опасен за децата.
Можеби причината за тоа е што тие брзо ја прележуваат инфекцијата и симптомите се манифестираат во поблага форма.
Сепак, на децата кои имаат респираторни проблеми, како астма, мора да се внимава.