
Бројот на новозаразени со коронавирус во Турција се зголеми во текот на изминатите 24 часа за 1.158 на вкупно 150.593, соопшти денеска турското Министерство за здравство.
Тоа е нешто повеќе од претходниот ден, кога имаше 1.300, соопшти Ројтерс.
Турција е деветта во светот во однос на бројот на заразени.
Според Министерството за здравство, во таа земја починале 4.171 лица, додека излечeни се 111.577.
Најголем број смртни случаи за еден ден во Турција имало на 19 април, кога биле регистрирани 127 смртни случаи, додека првиот случај е регистриран на 10 март, а станува збор за човек кој се вратил во земјата од Европа.
Повеќе од 1,6 милиони луѓе се тестирани за коронавирус во Турција.