Коронавирус: Тоталниот неуспех на Шведска

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Кога стана јасно дека Шведска ќе преземе свој и различен пат во борбата против коронавирусот, на постарите лица во нивната земја им беше ветена сигурна заштита од заразата. Беше повеќе од јасно дека во општеството кое се потпира на доброволен принцип наместо забрани и санкции, оваа ризична група мора да биде особено добро заштитена, забележува германскиот „Зидојче Цајтунг“.

Тотален неуспех

Но, не подоцна од Велигден, стана јасно дека земјата се справила катастрофално по ова прашање, се вели во публикацијата. Статистиката го потврдува овој заклучок. Бројот на загинати во земјата сега е 3.313, според Универзитетот „Џонс Хопкинс“ на 13 мај. Ова е повеќе од 3 пати повеќе отколку во соседните земји на Шведска – Данска, Финска и Норвешка – во комбинација.

Повеќето од жртвите се во домовите за стари лица или оние кои дома ги служат локалните социјални служби. Во позадина на ова, финскиот државен канал YLE коментираше дека Шведска „ги жртвувала старите лица“. А шведскиот „Aftonbladet“ напиша: „Од сите северни народи, се справивме најлошо за да ги заштитиме старите лица“.

Катастрофата беше предвидлива

Дури и владини службеници, кои до неодамна покажаа завидна самодоверба, сега признаваат дека не успеале во овој поглед. Како нивно оправдување, тие посочуваат на „изненадувањето“ – тврдат дека никој не претпоставил во каква лоша состојба се наоѓаат домовите за стари лица во земјата.

Сепак, Ингмар Скуг, професор по медицина во Гетеборг, не се согласува. Според него, она што се случи можеше да се предвиди. Според него, корона-кризата ги покажала уште појасно недостатоците на здравствената заштита во земјата, кои се познати со години.

Строго штедење и приватизација во секторот доведоа до тоа ситуацијата во домовите за стари лица да бидат обележани со сериозен недостиг, вели шведски лекар. И коментарот на „Aftonbladet“ е уште погласен: „Алчноста и приватизацијата беа смртоносни“.

Направени се многу грешки

Повеќе од јасно е дека се направени многу грешки во Шведска – на пример, дека работниците во секторот не биле тестирани за Ковид-19; или здравствените власти не обрнале сериозно внимание на заразените кои не ги покажуваат типичните симптоми на болеста.

Властите, во меѓувреме, ги засилија построгите мерки и бројот на заразените лица почна благо да опаѓа. Премиерот Стефан Левен најави дека ќе се подобрат условите во социјалните институции, но не спомена детали. Сепак, никој не се чувствува лично одговорен за тоа што коронавирусот се рашири низ шведските старечки домови.

Слични содржини