Јужна Африка денес го потврди првиот случај на смртоносниот вирус кај маж кој неодамна се вратил од Италија, соопшти Министерството за здравство на земјата.
– Националниот институт за заразни болести потврди дека пациентот за кој постои сомневање дека е заразен со вирус е позитивен на Ковид-19 – велат од министерството.
Пријавено е дека пациентот е 38-годишен маж, кој бил со својата сопруга во Италија, која има најмногу случаи на заразени во Европа.
Тие биле дел од група од 10 лица и се вратиле во Јужна Африка на 1 март 2020 година, пренесува Ројтерс.
Голем скок во бројот на заразени во Грција
Грција денеска објави дека во земјата се појавиле 21 нов случај на коронавирусот
Според изјавата на грчкото Министерство за здравство, нови случаи се забележани кај патниците што неодамна се вратиле од аџилак на верските места во Израел и Египет, пренесува Ројтерс.
Вкупниот број на заразени со коронавирус во Грција сега е 31.