Коронавирус во градинките: Преносот на инфекција е надвор од објектите

од Nikola Popovski
304 прегледи

Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите што значи дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите деца кои посетуваат градинка и за персоналот.

Тоа го истакнал министерот за здравство Венко Филипче денеска при посетата на градинката „Буба мара“ во Општина Аеродром.

Министерот Филипче и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, разговарале со директорката на градинката и вработените за тоа како се одвива  воспитно згружувачкиот процес со спроведување на протоколите.

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во Република Северна Македонија згрижувачко воспитната дејност се реализира во вкупно 70 јавни установи за деца со 311 објекти.

Според епидемиолошките податоци и евиденцијата на МТСП, од отворањето на градинките во 311-те објекти регистрирани се само 13 вработени позитивни на вирусот на целата територија на државата.

Слични содржини