Рок Групата The Rolling Stones ја откажа турнејата под името „No Filter“ во Северна Америка поради пандемијата. Турнејата требаше да започне во Сан Диего на 8 мај и траеше се до последниот концерт во Атланта на 9 јули.
– Ние сме многу разочарани што моравме да ја откажеме нашата турнеја. Се извинуваме на сите обожаватели кои се радуваа на нашата турнеја исто како и ние, но здравјето и заштитата на сите ни е приоритет. Сите ќе поминеме низ ова заедно и се гледаме за многу брзо време- напишале членовите на групата.
Публикувахте от The Rolling Stones в Вторник, 17 март 2020 г.
Организаторите на концертот ги советуваат обожавателите кои купиле карти да ги чуваат и да чекаат понатамошни информации.
На социјалните мрежи фановите ги поддржале членовите на бендот во нивната одлука и нестрпливо очекуваат да се подобри ситуацијата околу коронавирусот, за да го видоат својот омилен бенд на сцената.