Коронавирусот ја покажа хуманата страна на граѓаните: Пред маркетите се оставаат кеси со производи, се делат оброци…(ФОТО)

од Берта Китинска
237 прегледи

На социјалните мрежи секојдневно се објавуваат фотографии од хуманите луѓе кои ја нудат својата помош за време на епидемијата која ја зафати и нашата земја.

Неодмна беше споделна фотографија од пред еден скопкси маркет каде што беше оствена корпа со производи над која стоеше натпис дека овие продукти се наменети за оние кои не може да си ги дозволат.

Скопјанецот Ирфан Јетиши деновиве на своите муштерии пак им нуди два килограми лимони за цена од 150 денари , воедно секој кој сака или не може да си дозволи да си купи добива зелка, компири и кромид бесплатно.

И скопјанецот Али Февзи, подготвува топли оброци и ги носи на оние луѓе на кои најмногу им е потребно.

-Поради полицискиот час кој за викендот почува во 16 часот, сакам на секое семејство кое не може да си дозволи порција ручек да му донесам.Ако има некој во вашето мало слободно побарајте ме, напиша скопјанецот во својата објава на Фејсбук.