Коронавирусот не дозволува почеток на Бундеслигата со навивачи

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Минхен донесе одлука дека на првиот натпревар во новата сезона од Бундеслигата помеѓу Баерн и Шалке, сепак нема да има навивачи, како што првично беше планирано, пренесе „Нова.рс“.

Причината за ваквата одлука е дури 151 нов случај на инфекција со коронавирус во Минхен во четвртокот.

Првично беше планирано 7.500 навивачи да ги следат настаните во живо на „Алијанц Арена“ со строги епидемиолошки мерки, но тоа нема да се случи, со оглед на тоа што бројот на заразени лица во Минхен на 100.000 лица се зголеми за 48 проценти, што е над дозволената граница од 35 проценти.

Шампионот Баерн ќе тргне против Шалке без поддршка од трибините.

loading...

Слични содржини