303
Во Кина, во последните 24 часа се потврдени нови 103 случаи на коронавирус, од кои 94 се локални преноси.
Поради повторното појавување на нови случаи во Кина, масовно тестирање на коронавирусот е започнато во Пекинг, додека тестирањето на сите здравствени работници започна во Шангај, пренесува „Ројтерс“.
Во провинцијата Хајлонгџијанг, сите нови случаи и асимптоматски случаи се поврзани со фабрика за преработка на месо и се сметаат за прв кластер на случаи во Кина.
Десетици милиони жители на северните провинции во Кина се наоѓаат во некаков вид на блокада.Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Кина, на крајот на 2019 година, во Кина се потврдени 88.804 случаи на заболување и 4.635 смртни случаи.