Коронавирусот сам ќе згасне, тврди италијански професор по имунологија

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Ковид-19, како и другите коронавируси што ги знаеме од минатото, ќе згаснува малку по малку, односно благодарение на карантинот во неможноста да зарази луѓе затворени во станови веќе нема моќ да се шири и има тенденција да згасне, тврди професорот по имунологија и примариус на инфектологија во болницата Умберто I во Рим – Франческо Ле Фоче.

За време на денешниот разговор на радио РАИ, Ле Фоче рече дека сега може да се каже со сигурност дека карантинот значително ја намалил способноста на вирусот да се шири и неизбежно да ја изгуби моќта, а тоа ќе се види појасно со доаѓањето на потоплите денови. Поточно, потоплиот воздух ги намалува капките, така што коронавирусот нема да може да се движи од една до друга личност.

-Овој вирус имаше максимална експлозија со инфекции во болниците, особено кај оние кои не беа во можност да го изолираат од другите оддели. Карантинот исто така овозможи да се започне територијалното здравство, што е основа за јавното здравје, рече Ле Фоче.