Коронавирусот се шири во Шпанија уште од средината на февруари?

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Резултатите од студијата спроведена од научници во здравствениот институт „Карлос III“ во Мадрид, покажуваат дека коронавирусот се ширел во Шпанија уште од средината на февруари, и дека нема „нулта пациент“, но дека најмалку 15 луѓе го донеле вирусот во земјата од странство.

Испитувајќи скоро 1.600 геноми од овој вирус добиен во целиот свет, научниците откриле дека 28 геноми пронајдени во Шпанија припаѓаат на трите најголеми вирусни семејства, познати како S, G и V.

Првите три вируси од семејството S во Шпанија потекнуваат од примероците земени на 26-27 февруари во Валенсија, една недела откако 2.500 навивачи на фудбалскиот клуб Валенсија отпатуваа во Милано за натпреварот на нивниот тим против Аталанта од Бергамо.

Сепак, истражувањето покажало дека коронавирусот од тоа семејство циркулирал во Шпанија околу 14 февруари, додека, врз основа на неколку случаи во Мадрид, може да се заклучи дека семејството G било присутно во главниот град уште на 18 февруари, па се чини дека до последната недела од февруари, вирусот веќе почнал непречено да се шири низ целата земја, пренесува Ел Паис.

Првиот случај на заразен во Шпанија е регистриран на Канарските острови на 1 февруари, а вториот на 10 февруари во градот Палма де Мајорка.

И двата случаи биле странски државјани, кои потоа биле сместени во изолација и наскоро биле ослободени од лекување.