КОРОНАВИРУСОТ ВРТОГЛАВО СЕ ШИРИ: Регистриран најголем број заразени од почетокот на пандемијата

од Vladimir Zorba

Во петокот во светот се регистрирани 141.973 нови случаи на коронавирус, што е намногу за еден ден од почетокот на пандемијата. Најголем број, 27.221, имало во САД, Бразил пријавил 24.253, а Индија 11.458 нови случаи, според веб-страницата на „Worldmeters“.

Во Соединетите држави, најголемото жариште во државата и градот Њујорк полека се смирува, но по олеснувањето на рестриктивните мерки, дојде до нагло зголемување на бројот на заразени лица во неколку други држави.

Во моментов, најзагрозени се Тексас, Калифорнија, Аризона, Мисисипи, Јута, Северна Каролина и Јужна Каролина, а зголемувањето на бројот на заразени им се припишува на масовните собири за време на комеморацијата на Денот на сеќавањето пред две недели.

Ситуацијата е сè потешка во Индија, каде што пред десетина дена беа отворени трговски центри, ресторани и религиозни објекти, по што за седум дена беа регистрирани повеќе од 100.000 луѓе заразени со вирусот.

Болниците во Њу Делхи се преполни, па локалните власти размислуваат за можноста хотелите да ги претворат во привремени КОВИД болници и да ги претворат стадионите во полски болница.

Дека не смее да има релаксација во борбата против пандемијата, покажува и примерот на Кина, каде властите во Пекинг биле принудени да стават во карантин некои населби, откако било утврдено дека 45 работници се заразени на еден пазар.

Пред тоа, во кинескиот главен град не бил регистриран случај на коронавирус 50 дена по ред.

Слично е и во Кореја, која служеше како пример за успешна борба против пандемијата, но по ублажувањето на мерките, исто така, не успева да го спречи ширењето на КОВИД-19.

Денес беа пријавени 49 нови случаи, поради што Центарот за превенција и контрола на болести им препорача на жителите на некои населби во Сеул да не ги напуштаат своите куќи и станови во сабота и недела.

Слични содржини