Кортни Кардашијан објави текст за автосексуалноста, проверете дали тоа се однесува и на вас

од Stefanija Kuzmanovska

Најстарата сестра Кардашијан, Кортни, веќе извесно време ја води страницата Poosh, каде може да се најдат разни текстови претежно со содржина за животниот стил. Сепак, вниманието на нејзините обожаватели и странските медиуми го привлече најновиот текст за автосексуалноста.

„Дали сте автосексуални? Накратко, одговорот е веројатно да. Сите сме малку“, се вели во написот. Терапевтот и автор Кејси Танер зборуваше за автосексуалноста за страницата на Кортни и откри дека тоа е одлика кога „некое лице го привлекува сопствената еротика“.

„Иако мастурбацијата е пример, автосексуалноста може да се прошири и надвор од сексуалното однесување, вклучувајќи и чувство на копнеж или желба за себе. Исто така, може да биде способност да се чувствува сексуална желба преку визуелизирање, допирање или мирисање на себе”, рече Танер за Poosh.

Таа додаде дека автосексуалноста е со широк спектар и дека повеќето луѓе се некаде на тој спектар.

„Некои се исклучиво автосексуални и тоа е нивна сексуална ориентација, додека повеќето го комбинираат со секс со партнер“, додава таа.

„Тоа би можело да значи носење секси долна облека. Исто така, може да значи средување на косата и шминка за да се чувствувате добро, дури и кога сте во долга моногамна врска и иако другата страна тоа едвај го забележува. Ако некогаш ве напалило чувство на независност од некој друг, тоа е автосексуалност и тоа е сосема нормално“, објасни таа.

„Многу луѓе се спротивставуваат на автосексуалноста, плашејќи се дека тоа е нарцисоидно или дека може да го наруши сексот на партнерот. Во реалноста, автосексуалноста може да биде здрав, дури и вреден дел од вашиот сексуален живот”, нагласи таа.

Слични содржини