Кортни Кардашијан позираше без градник, откри која е нејзината единствена неостварена желба (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кортни Кардашијан овие денови ужива во својот „меден месец“ во Италија на езерото Комо со Тревис Баркер.

Колку е среќна и задоволна покажуваат и нејзините објави на Инстаграм каде позира во целосно природно издание.

На една од фотографиите таа позираше во зелен фустан во кој јасно беше исцртана нејзината фигура, па нејзините следбеници забележаа дека Кортни не носи градник.

Со целосно опуштениот став, Кардашијан покажа дека не ѝ е грижа што излегува во јавноста без градник и со некој килограм вишок.

Додека сите ја обвинуваат за дебелеењето, таа ја користи секоја прилика да јаде и пие што сака додека ужива во љубовта и животот. Сепак, таа во реалното шоу призна дека има една неостварена желба, а тоа е дете со Тревис Баркер.

Слични содржини