Кортни Кардашијан во леопард бикини, нејзиниот задник во прв план (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Ријалити ѕвездата, Кортни Кардашијан (41) на фановите им подари вистинско уживање, нејзиното тело во леопард костим за капење.

Кортни позираше во костим за капење припиен за нејзиното тело и ги истакна нејзините волшебни облини, а заради минијатурниот дел меѓу нозете, многумина ја зголемија фотографијата.

Како што и самата напиша, секси сцената беше вистински десерт за сите нејзини следбеници на Инстаграм, а потоа целосно ги збесна мажите со снимки од базенот.

Додека пливаше и нуркаше, таа се фотографираше себеси во вода, но и задникот во крупен кадар, како и многу провокативни движења кои сигурно ја вжештија температурата во базенот.

Патем, Кортни носеше костим за капење од најновата колекција на марката „Good American“, на нејзината сестра Клои Кардашијан. По секси фотографиите од најстарата сестра Кардашијан, костимот за капење, кој се продава за 109 долари е распродаден!

За потсетување, Кортни реши да се повлече од семејното реално шоу „Во чекори со Кардашијан“, откако физички се пресмета со сестра си Ким, а рече дека причината е што реалното шоу станало токсично за неа, како и дека сака своја приватност.

Слични содржини