Корубин: Македонија не треба да се постави како Косово во однос на мигрантите, ниту една земја не смее да биде предмет на манипулација и пародија

Курти покажа дека е зрел политичар со одговорот за мигрантите, вели Корубин

од Nikola Popovski
4 прегледи Никица Корубин/Фото: Принтскрин

За прашањето за евентуални мигрантски кампови, аналитичарката Никица Корубин упатува на изјавата на премиерот на Косово, Албин Курти, во однос на ставот на Косово за европскиот проблем со мигранти – како пример и репер за сериозно политичко и дипломатско поведение.

-Тој, парафразирано вели: “Велика Британија секогаш го поддржувала Косово, неговата слобода, државотворност и развој; и затоа и Косово е спремно да помогне во безбедносните прашања, вклучително и миграцијата”. Тоа е одговор што треба да го даде и зрел политичар и сериозна држава, која нема само да ги користи бенефитите, без да е спремна за обврските и одговорностите. Тоа не значи дека Македонија треба да се постави како Косово во однос на прашањето со мигрантите, тоа само значи дека ниту една европска тема, не смее да биде предмет на манипулација, пародија и лицемерие, посочува, меѓу другото, Корубин во анализата за „Локално“.

Делегација во Лондон: „Префрлањето на одговорноста за миграциските политики од богатите земји на посиромашните не може да се смета за фер или одржлив договор“