Во северозападните региони на Санкт Петербург во моментов одат масовни конструкции . Започнати се неколку многу големи градежни проекти, количеството на новите станови се пресметува на десетици илјади.
Сепак уште во фазата на планирањето се има нешто згрешено. 24-те гиганти се собрани на куп. Во комплексите нема добри транспортни комуникации, изградба на детски градинки и училишта е заборавено, сферата на услугите и местата за одмор недостасуваат. Тука требаше да се појави нова станица на метрото, но кога становите беа продадени, градот ладнокрвно се откажа од нејзината изградба.
По неколку години тука ќе има метеж. Дури во времето на Советскиот Сојуз дизајнирање и создавање на инфраструктура не се наоѓаше на такво примитивно ниво. Во Советскиот Сојуз уште немаше приватна сопственост, поради што можностите за поткуп на планери и менаџери беа ограничени. Во современа Русија главната задача на градежнците се состои во тоа закупените плацеви да бидат преполни и со максимален број домови.
Некој висок градски службеник може да и дофрли на градежната компанија стотина или дури илјада дополнителни станови и да овозможи со еден поткуп да проработи износ еднаков на профитот од целиот проект.
Според податоците на меѓународната асоцијација на овластени сертифицирани сметководители (ACCA) Русија е една од најкорумпираните земји во светот, во која уделот на сивата економија го сочинува околу 30% од БДП на земјата.
Страшниот број може да биде ставено под сомнение, но дури и според сопствената руска оценка нивото на корупцијата се колеба меѓу 15 и 30%. Според прогнозите во наредните години таа само ќе расте. Хроничната економска криза доведе до тоа дека претпријатијата и граѓаните ги користат сите можни и невозможни начини, за да преживеат.
Во Русија корупцијата оди цел живот со луѓето – од раѓањето до смртта.
За да добие места во градинка треба да дадеш поткуп. За пари можеш да добиеш ослободување од армијата. Во здравството главната грижа на лекарите е како да дојдат до “црни пари”. Познаник раскажува како се обидувал да најде место на гробиштата во Санкт Петербург за негов роднина. Во принцип гробното место се дава бесплатно. Вработен на гробиштата понудил место среде едно мочуриште. Поткуп од 1.000 евра свршило работа и на крајот било пронајдено суво место. Фактура за митото, природно, не била напишана , пликцето ја завршило работата.
………………………….
Марти Киуру, Kauppalehti, Финска