Кос: Целта е пристапните преговори со Македонија да започнат поинтензивно штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени

од Nikola Popovski
162 прегледи

Европската комисија разгледува начини за поедноставување на процедурите за пристапување во ЕУ за да се избегне ризикот од билатерални прашања што влијаат на процесот во овој чувствителен геополитички контекст. Ова го изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот.

Таа изрази подготвеност за соработка во дијалогот меѓу Скопје и Софија.

-Имаме политичка цел пристапните преговори со Република Северна Македонија да започнат поинтензивно штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени. Бугарија и РСМ треба да започнат преговори и да најдат решение за ова билатерално прашање и јас сум подготвена да соработувам и стојам на располагање доколку е потребно, рече Кос.

Еврокомесарот истакна дека преговорите со Албанија веќе се во тек за 24 поглавја. Кос рече дека ја повикала Србија да продолжи со реформите и да ја врати довербата на јавноста. Таа рече дека му рекла на српскиот претседател Александар Вучиќ дека неговото патување во Москва за прослвата на 9 мај ги комплицира европските напори за неговата земја.

Кос додаде дека денес живееме во време на длабока трансформација на меѓународниот поредок, и само за шест месеци од стартот на нејзиниот мандат глобалниот пејзаж се промени драматично, па затоа во интерес на безбедноста и иднината на континентот потребно е „да заврши обединувањето на Европа“.

Слични содржини