Кос е загрижена за инцидентите во српскиот парламент и нападите врз невладините организации

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изрази загриженост за инцидентите во српскиот парламент, како и за нападите врз граѓанските организации, повикувајќи на деескалација на тензиите и создавање услови за дијалог.

„Многу сме загрижени поради нарушувањето на парламентарната работа и насилството во српскиот парламент. Парламентот мора да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и мора целосно да ја исполни својата улога“, објави Кос на социјалната мрежа Х.

Таа, исто така, ги окарактеризира како „многу загрижувачки“ „неодамнешните настани насочени против граѓанските организации“ во Србија.

„Постојано повикуваме на деескалација на тензиите преку воспоставување услови за инклузивен дијалог во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни, вклучително политичките актери, институциите и членовите на граѓанското општество, со цел да се одговори на реформите неопходни за европската иднина на Србија“, додаде Кос.

Слични содржини