Кос: Има изгледи за отворање преговарачки кластери со Украина до крајот на 2025 година

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изрази уверување дека постои јасна перспектива за отворање на сите преговарачки кластери за пристапување на Украина во Европската унија до крајот на 2025 година.

Таа на состанокот на Советот за асоцијација ЕУ-Украина изјави дека „проекциите се речиси завршени и имаат јасна перспектива“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на ЕУ.

Кос се надева дека ќе ги отвори првите три кластери од преговорите на Украина со ЕУ за пристапување во Унијата во првата половина на оваа година, за време на полското претседателство, а останатите три до декември.

Слични содржини