Кос ни го честиташе Денот на независноста: Го поддржувам вашиот пат кон ЕУ

Силно го поддржувам вашиот пат кон приклучување во ЕУ, порача еврокомесарката Кос

од Nikola Popovski
17 прегледи

Еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос им го честиташе Денот на независноста на Македонија и нејзините граѓани.

Кос порача дека силно го поддржува патот на Македонија кон ЕУ.

„Им го честитам Денот на независноста на граѓаните на Северна Македонија. Силно го поддржувам вашиот пат кон приклучување во ЕУ. Со вас сме на секој чекор“, напиша Кос на социјалната мрежа „X“.

Македонија ја прогласи својата независност од поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија пред 34 години. Македонија прва беше признаена од Бугарија, по што следеа Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина. Земјата, врз основа на спорот со Грција, по што следуваше Договорот од Преспа го промени своето име во Северна Македонија на 17 јуни 2018 година.