Кос: Во Македонија од 2004 до 2020 е поставен систем за незаконско финансирање од банките

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Во Македонија од 2004 до 2020 е поставен систем за незаконско финансирање од банките, откри меѓународниот експерт за организиран криминал Драго Кос при презентацијата на извештајот за стечајот во Еуростандард банка.

Како што објасни, во еден од случаите, банката „А“ дава кредит на фирма од 500.000 евра и тој кредит истиот ден оди во банката „Б“, па
оттаму истиот кредит со позајмица во друга фирма, па во друга банка, а еден ден подоцна, кредитот се враќа во банката „А“. Банките одредувале каде компаниите ќе даваат позајмици.

– Од овој систем заработувале банките. Во тој систем имало седум банки, 45 компании и едно физичко лице кое било активно во шемата – рече Кос.

Извештајот покажал дека 54 трансакции меѓу компаниите не биле покриени со договор што е доказ за незаконско банкарско работење.

– НБРМ не сакала да ја запише формално оваа банкарска шема, а контролите на банката ги покажале овие шеми, но го избегнала вистинскиот проблем и не преземала ништо освен во случајот со Еуростандард. НРБМ постојано барала докапитализација, а не ја барала вистинската прчина на проблемот и тоа резултирало со стечај на Еуростандард. Се поставува прашањето зошто во август 2021 година се прогласил стечај иако на тоа имала законско право? Управата работела добро, имало и нов инвеститор, не знам зошто тоа се случило баш тогаш, рече Кос.

Слични содржини