„Косата ми е падната…“: Боки 13 отворено за борбата со болеста

од Nikola Popovski
443 прегледи

Бојан Јовановски, попознат како „Боки 13“, се огласи на Инстаграм по бројните шпекулации за неговото здравје. Тој им се обрати на своите следбеници и потврди дека неговото здравје се уште е загрозено.

Поранешниот телевизиски водител не сака да ги коментира своите проблеми, па оттаму побара и приватност.

„За да престанете со шпекулациите и дезинформациите, ќе ви го кажам ова. Да, точно е, по сите хируршки интервенции, насобран стрес, компликации, бројни дневни терапии и секојдневна борба со болеста, косата ми е падната и ставена ми е вештачка коса. Се надевам дека сега една група на поединци е задоволна и среќна… И доста веќе ми ја коментирате мојата болест и здравје. Само јас знам како се чувствувам и како сум. Дополнително, единствено што ве замолувам и барам е да не бидам предмет на вашето сожалување. Единствено барам достинствено, воздржано и човечко однесување.

Јас сум бил и ќе останам борец, а на поединците кои се радуваат, коментираат и се шегуваат на болест на друг им посакувам среќа, ќе им треба бидејќи кармата е кучка“, напиша тој на својот Инстаграм профил.

Боки 13, осуден за случајот „Рекет“, моментално има прекин на затворската казна врз основа на медицинска документација доставена од лекарски конзилиум. Повеќе лекари тврдат дека е хендикепиран од прв степен и не може да ја издржува затворската казна. Судот ги прифаќа тие лекарски наоди и му овозможи да остане на слобода.

Врз Јовановски во 2023 година беше извршена операција за целосно отстранување на желудникот.

Слични содржини