Професор Александар Ќосев, член на Клубот за македонско-бугарско пријателство во студиото на „Добро утро Европа“ вели дека официјалниот јазик во Република Северна Македонија не е дијалект на бугарскиот, бидејќи служи за сите сфери на општествениот живот.
„На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект“ вели Ќосев.
Според него јазикот на историските митови и трауми го завладеа бугарскиот и македонскиот политички простор.