Македонската машка кошаркарска репрезентација со победа ги отвори претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025, откако вечерва во неизвесен натпревар триумфираше на гостински терен против Данска со 73-70 (34-29).
Избраниците на селекторот Александар Јончевски беа во резултатска негатива по првата четвртина (14-18), но го кренаа нивото на игра во втората четвртина која ја решија во своја корист со 20-11 и заминаа на полувреме со предност од пет поени.
Во продолжението на играта, поточно, во 28.минута, по тројката на капитенот Стојановски, се стекнавме и со најголемата предност (31:24). Но се чини дека и премногу лесно, им дозвооливме на Данците брзо да се вратат. Со две ситуации „два плус еден“, домаќините дојдоа на само еден поен негатива (28:29).
Но во вистинско време, Димитријевиќ му „се врати“ на поентирањето. По неговата тројка, и 15. поен во полувремето, дојдовме до предност од (34:29). Добро го стартувавме второто полувреме, во кое со втората тројка на Ѓуроски, дојдовме до плус 8, (41:33). Но уште еднаш дозволивме Данска да врати двојно, со две „врзани“ тројки го натераа слекторот Јончевски на нов тајм-аут.
Но во последната минута беше одново нерешено (70:70), откако Димитријевиќ положи од не баш идеална ситуација. И остави 24.секунди за конечно решение на овој меч.
Во рамки на второто коло Македонија в недела во Скопје ја пречекува Словачка.