Кошаркарите на Њујорк се пласираa во прво финале на Источната конференција по 25 години

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Њујорк Никс се пласираа во финалето на Источната конференција на НБА за прв пат од 2000 година, откако убедливо го победија бранителот на титулата Бостон со 119:81 во шестиот натпревар од полуфиналната серија.

Пред преполниот „Медисон Сквер Гарден“, Њујорк го предводеа Огугуа Ануноби и Џејлен Брансон со по 23 поени, Мајкл Бриџис постигна 22, а Карл-Ентони Таунс имаше 21 поен и 12 скока за да ја добие серијата со 4-2.

За Бостон, во отсуство на повредениот Џејсон Тејтум, најдобар беше Џејлен Браун со 20 поени.

Слични содржини