Кошаркарите поразени на стартот од квалификациите

од Aleksandar Petrovski
264 прегледи

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Естонија на домашен терен со 72-81 на стартот од квалификациите за Евробаскет 2021.

Составот на Тодоров загуби заради очајната игра во втората четвртина во која домашните кошаркари постигнаа само 5, а примија дури 25 поени.

Естонците забележаа значајна победа во борбата за третото место во групата.

Војдан Стојановски беше прв стрелец на 26 поени, Димитријевиќ имаше 15 поени, 7 скокови, но и пет загубени топки, додека Витингтон реализираше 15 поени и 8 скокови. Кај Естонците најефикасни беа Куламае со 31 и Вене со 16 поени.

Македонските кошаркари ги очекува долго патување во Русија, на гостувањето против главниот фаворит за првото место во групата (недела, 15 часот).

Слични содржини