Кошаркарски клуб од Дубаи од среда и официјално станува дел од системот на Евролигата, објави денеска порталот „Еурохупс“. Се очекува по неколку пресврти, во среда и официјално да биде потврдено членството на Дубаи во системот на Евролигата, стои во текстот.
Во него се додава дека одлуката ќе биде донесена на состаноците на клубот/акционерите во вторник и среда и се истакнува дека е извесно дека проектот веќе го добил потребното мнозинство и покрај приговорите на двата клуба во однос на геополитичките интереси и различните визии на проект.
„Мнозинската поддршка, заедно со онаа на извршниот директор на Евролигата, Паулиус Мотејунас и претседателот Дејан Бодирога, значи дека членството на Дубаи сега изгледа како формалност. Пристап и на теренот и надвор од него и пошироко. Интересот на Дубаи исто така го поттикна Абу Даби да понуди 75 милиони евра за организација на следните три „фајнал фор“ турнири, што го нагласува интересот на регионот за кошарка надвор од НБА“, заклучува „Еурохупс“.