Додека бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес од вчера продолжува да расте, земјата во регионот не престанува моќно да се тресе . Околу 9.10 часот. по македонско време имаше нов земјотрес со јачина речиси 7 степени по Рихтер.
Земјотресот е измерен со интензитет од 6,8 од европските сеизмолози. Тоа е најсилниот секундарен земјотрес во планинската држава која се уште не може да се поврати од шокот. Епицентарот е на 78 километри од главниот град Катманду.
Според последните податоци, бројот на загинатите надминува 2.000 лица. Стотици се затрупани под урнати згради, затоа и бројот на загинатите не е конечен. Повредените се над 5000. Според податоците на ОН, погодени од катастрофата се над 6,6 милиони луѓе. Според последните информации во моментов земјата продолжува да се тресе со сила од 5 степени по Рихтер.

