Кошмар за ПСЖ! Нејмар аут до крајот на сезоната

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар ќе се обновува цели 3 месеци од повредата на глуждот, а не меѓу 6 и 8 недели, какви беа првичните предвидувања.

Бразилецот има скршеница на петтата метатарзална коска на ногата и исчашен глужд и ќе се подлежи на операција.

Според лекарот на бразилскиот национален тим, кој ќе ја изврши хируршката интервенција, напаѓачот ќе има потреба од повеќе време за да биде подготвен да игра 100%.

Веста е секако кошмар за ПСЖ, но и за Бразил. Практично Нејмар ќе го пропушти остатокот од сезоната во Лига 1 и ќе биде подготвен за игра малку пред почетокот на Мундијалот 2018 во Русија.

Сепак, тој сигурно нема да биде во топ форма за Светското првенство, кое почнува од 15-ти јуни во Сочи.

Слични содржини