Кошмарот на Ливерпул продолжува, запишаа шести пораз на „Енфилд“ сезонава

од Vladimir Zorba

Актуелниот англиски шампион Ливерпул ги продолжи очајните резултати оваа сезона.

Избраниците на Јирген Клоп овојпат беа поразени на „Енфилд“ од 18-пласираниот Фулам, кој славеше со резултат 0:1.

Марио Лемина погоди за големите три поени на гостите од Лондон во 45-та минута.

Ливерпул го претрпе деветтиот пораз оваа сезона, и шести на домашен терен.

„Црвените“ во моментов се седми на табелата со 43 бода, додека Фулам е 18-ти со 26.

Слични содржини