КОШТА Е СЛОБОДЕН ИГРАЧ: Се враќа во Европа?

од Vladimir Zorba

Диего Кошта пристигна во Атлетико Минеиро минатиот август, со кого потпиша договор до декември 2022 година, но сепак дошло до раскинување, потврдија клубот и играчот.

За бразилскиот клуб одигра 19 натпревари и постигна пет гола, тие го освоија и бразилското првенство по 50 години.

„Денеска се збогувам со Атлетико. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите за поддршката што ми ја даваат од првиот ден. Ви благодарам што ми овозможивте да го исполнам мојот детски сон да играм во бразилскиот фудбал и да освојувам трофеи“, напиша Кошта на својот Инстаграм профил.

Слични содржини