Кошта: ЕУ е со Украина од првиот ден, нов пакет помош од 15 милијарди евра

од Nikola Popovski
16 прегледи

По самитот за безбедност на ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта истакна дека сегашната економска помош и поддршка за Киев продолжува, истакнувајќи го испраќањето на последниот пакет помош.

Порача дека земјите од ЕУ би можеле веднаш да ја зголемат својата поддршка за Украина преку иницијативи за проширување на фискалниот простор, додавајќи дека новите обврски веќе изнесуваат околу 15 милијарди евра.

„Ние сме со Украина од првиот ден. Веќе обезбедивме повеќе од 135 милијарди евра поддршка за Украина од 2022 година. Нашата поддршка е непоколебливa доколку војната продолжи, во какви било идни мировни преговори, во реконструкција и при пристапување во Европската унија“, наведе Кошта.

Кошта додаде дека членките на ЕУ сега се обврзале да ја зголемат поддршката за Украина.

„Земјите-членки можат веднаш да ја зголемат својата поддршка благодарение на зголемениот фискален простор. Неколку земји-членки веќе ги објавија своите ветувања до 15 милијарди евра“, истакна шефот на ЕС.

Порача и дека Европскиот совет исто така се обврзал итно да работи на понатамошни иницијативи за решавање на итните воени и одбранбени потреби на Украина.

„Истовремено, се подготвуваме да ја поддржиме Украина кога ќе одлучи да се вклучи во преговорите. Да ѝ помогнеме да постигне позитивен исход, односно праведен и траен мир“, заклучи Кошта.

Слични содржини