Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност.
-По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, наведе Кошта во објава на мрежата „Х“.
Тој во честитката додава дека Европската унија останува посветена на нашата заедничка иднина и на европскиот пат на земјата.
On the occasion of the national day of North Macedonia 🇲🇰, I extend heartfelt congratulations to its people and authorities. The EU remains committed to our shared future and to North Macedonia’s European path 🇪🇺. pic.twitter.com/Q7jCBujaaC
— António Costa (@eucopresident) September 8, 2025
Претседателот на Европскиот совет, пред неколку дена во Софија на заедничкиот брифинг со бугарскиот премиер, Росен Жељазков рече дека земјава мора да ги исполни обврските договорени во 2022 година, но, одговарајќи на новинарско прашање, додаде и дека ги разбира позициите на Скопје и оти смета дека е разумно на Македонија да ѝ се дадат гаранции дека нема да има нови барања на патот кон официјалното европско семејство.