Проширувањето на Европската Унија е најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме за иднината на Европа, тоа ја зајакнува демократијата и владеењето на правото, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Денес, и покрај војната на нашиот континент и враќањето на геополитичките соперништва, сме сведоци на обновен моментум во европското проширување. Всушност, проширувањето сега се движи побрзо отколку во последните 15 години“, рече Кошта за време на своето обраќање на Форумот за проширување на ЕУ.
Тој оцени дека проширувањето е реална можност и нагласи дека тоа е неговата цел за наредните години.