За следбениците на хиндуизмот е акт на посветеност, а за храмот Тирутани Муруган и други верски објекти во Индија станува збор за профит од милиони, кој доаѓа од косите кои остануваат откако верниците ќе ја избричат својата глава и ја намачка со паста од куркума.
Има денови во кои стотици следбеници стојат во редици пред зори пред храмот западно од Мадрас, за да учествуваат во вековното традиционално донирање на коса на богот. Верниците се молат за среќа и здравје, а вработените во храмот собираат китки коса, кои ќе бидат продадени, за да се користат за изработка на перики или за продолжни на коса.
Индија е најголемиот извозник на човечка коса и заработува годишно неколку стотици милиони долари од тоа. Најголемите клиенти се во Европа, но косата се бара и во Азија, САД и дури во Африка. Постојат 10 големи храмови и неколку помали кои имаат удел на пазарот. Во некои села исто собираат коса за продажба. Најскапа е косата, избричена од скалпот на еден човек. Во некои храмови бараат од верниците да биде сплетена косата пред да биде отсечена, што ѝ го олеснува транспортот.
Косата собрана во храмот Тирутани Муруган се продава на претпријатија кои ги продаваат готови производи од перики или продолжни кабли. Бизниси во храмот оди со полна сила. Тој е еден од шесте посветени на богот Муруган. Од четири часот наутро до зајдисонце берберите не престануваат да сечат коси. Поклониците чекаат со часови, за време на празници и повеќе да ја донираат косата на богот.
Десетици илјади, меѓу кои жени и деца, ги бричат главите секоја година и мачкаат главите со светло жолта паста од куркума пред да кажат молитви. Поклониците искачуваат 365 скалила за да стигнат до храмот, кој е отворен во текот на годината. Профитот од продажбата на коса се користи за издржување.