Денис Јанкуловски, техничарот од Одделението за микробиологија во скопскиот Центар за јавно здравје кој е дел од тимот кој на терен ги прави тестирањата за на Ковид 19, познат како „космонаутко“ изминативе недели реализира уште една добра мисија.
Имено тој на сите дечиња и постари лица им испраќа новогодишни честитки со цел малку да им ја разубави монотоната атмосфера за време на оваа ковид пандемија.
Но, како што рекле доброто со добро се враќа, вечера „космонаутко“ на својот Фејбук напиша дека бил препрепреизненаден кога го отворил сандачето.
-Го отварам сандачето пред малку и буквално почнаа да паѓаат на земја.
Јас сум препрепреизненаден. Во живот не ми се случило вакво нешто.
Другари, Ве сакам, да сте ми живи здрави још година 100. Вие сте ми сила, мотивација, енергија, гориво. Ова е тоа кога ќе ме прашаат од каде бе Денко толку сила за се.Емоции милион. Добра ноќ мои убај луѓе.Гуш и бац, напиша Јанкуловски.