Во тепачка што синоќа се случила во Скопје биле вклучени повеќе државјани на Косово, пишува приштински „Индекс онлајн“.
Извори на тој портал од местото на настанот тврдат дека лицата кои учествувале во тепачката се од Приштина. По инцидентот, со два автомобила „ауди“ и „голф“ се обиделе да ѝ побегнат на македонската полиција, пренесува „Косово онлајн“.
Полицијата во еден од автомобилите пронашла оружје, а очевидци велат дека на местото се слушнале и истрели.
МВР се уште не соопштува детали за случајот.