Косовец донел мигранти од Сирија, Кувајт и Египет во Македонија

од Milan1
19 прегледи

– Денеска (26.10.2024) во 01:15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на с.Богородица сопреле патничко возило „сеат алтеа“ со косовски национални ознаки, управувано од З.М.(36) од Косово, информираат од МВР.

При тоа, во возилото пронајдени се осум лица илегални мигранти, од кои седум од Сирија и едно лице од Египет.

– Заедно со возилото „сеат алтеа“ се движело и патничко возило „ауди“ без регистарски таблици, кое не застанало на дадениот знак од полициските службеници, туку се оддалечило од местото на настанот, а по кратко време од него излегле осум лица илегални мигранти, од кои шест од Кувајт и двајца од Сирија, а возачот се дал во бегство, се вели во соопштението на МВР.

З.М. е лишен од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини