Косовец со „голф“ удрил во пешак кај ГП „Долно Блаце“

Лишен од слобода возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител Тв

Денеска околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен премин „Долно Блаце“, 60-годишниот Ќ.С. од Р.Косово, управувајќи патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки, удрил во пешакот С.К.(25) од Скопје.

С.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, возачот Ќ.С. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, информираат од МВР.