Косово: 100 рудари заробени на 700 метри под земја, спасување во тек

од desk2
154 прегледи

Oколу 100 рудари од рудникот „Стар трг“ заробени се на околу 700 метри под површината на земјата по дефект на електричната мрежа, јавија приштинските медиуми. 26 рудари се спасени.

„Коха“ кави дека 26 рудари излегле околу 15 часот од рудникот. “Gazeta” пак наведува дека спасени се 29 рудари.

Претставникот на синдикатот на рударите тврди дека не се во животна опасност, и дека во тек е акција за спасување, пренесе РТС.

„Околу 100 рудари, останаа на осмото, деветтото и десеттото ниво. Стручњаците се трудат, макар привремено, да ја оспособат електричната инсталација за да ги зивлечат рударите од јамата“, вели шефот на синдикатот Шукри Садику.

Садику рече дека екипи на спасувачи се постојано во контакт со рударите, како и дека нивните животи не се во опасност затоа што рудникот има природна вентилација.

Нема повредени рудари, а проблемите во рудникот настанале кога експлодирал трансформатор, јави Коха.

Рудникот е дел од Комбинатот „Трепча“.